Автобуска несреќа во Бугарија

Повредените се во стабилна состојба

24.11.2021 17:46

Хоспитализираните од сообраќајната несреќа во Бугарија се во стабилна општа здравствена состојба. Шестмина се на клиниката за изгореници и пластична хирургија, еден на трауматологија. Извршени им се неколку успешни операции, но потребна им е психолошка поддршка. До петок ќе останат во болница, по што ќе се прави план за нивниот транспорт дома.

Марија Котовска во Дневник 1 во живо известува од Софија.