Јужна и Северна Кореја разменија оган
31.03.2014 17:13
Портпарол од Јужна Кореја рече дека земјата едноставно возвратила на гранатите коишто паднале во нејзините територијални води...

Поморските сили на Северна и на Јужна Кореја разменија оган преку спорната морска граница.
Северна Кореја претходно издаде предупредување против пловидба во областите околу нејзиниот западен брег во близина на спорната граница со Јужна Кореја и го извести јужниот сосед дека ќе изведува воени вежби.
Портпарол од Јужна Кореја рече дека земјата едноставно возвратила на гранатите коишто паднале во нејзините територијални води.
Властите ги предупредија граѓаните на два јужнокрејски острови да одат во засолништа.
