Автобуска несреќа во Бугарија

Станков: Додека не заврши постапката не може да се утврди точниот број настрадани

25.11.2021 13:23

На местото на автобуската несреќа во Бугарија се пронајдени 44 тела и остатоци од тела, коишто ќе се поврзат со ДНК анализата. Додека не заврши постапката не може да се утврди точниот број настрадани – вели директорот на Судска медицина, Станков.

Заврши обдукцијата на телата на починатите во Бугарија. Во врска со последните изјави на бугарските истражители дека во остатоците од автобусот се пронајдени  44 трупа, шефот на тимот, Станков, вели  имајќи го предвид интензитетот на пожарот кој се случил и состојбата на телата во која се наоѓале, сепак треба да се почека  за дефинитивната бројка додека не заврши постапката комплетно.

Директорот на Институтот за Судска медицина во Скопје,  Станков посочи дека не се соочиле со никакви проблеми за време на процесот после нивното вклучување во него.

Изработените ДНК профили од роднините на настраданите ќе ги подигнат бугарски обвинители за да ги идентификуваат починатите, по што ќе им бидат предадени на семејствата.

 

Фиљана Кока