Македонија

По котрнолата на „Деве Баир“ суспендирани двајца цариници, мерки и за раководителот

25.11.2021 13:39

Државниот инспекторат за транспорт неделава ќе прави вонреден надзор над превозникот „Беса транс“. По извршената контрола на граничниот премин е утврдено дека автобусот воопшто не бил евидентиран.

Министерството за транспорт ја одзеде лиценцата на компанијата „Беса транс“ чиј автобус изгоре во Бугарија и доби забрана за работа. По контролата на „Деве Баир“, Царинската управа суспендира двајца цариници, мерка и за раководителот. Се утврди дека автобусот возел без воопшто да има извод од лиценца.

Државниот инспекторат за транспорт неделава ќе прави вонреден надзор над превозникот „Беса транс“. По извршената контрола на граничниот премин е утврдено дека автобусот воопшто не бил евидентиран.

Од Царинската управа велат дека автобусот прикажувал фалсификат извод од лиценцата за вршење јавен превоз, цела година на повеќе гранични премини, каде бил евидентиран и извод за меѓународен превоз.

Од Царинската управа велат дека електронски се евидентира превозот и тоа на влез или излез при првото и при второто преминување на возилото преку граничниот премин на Република Северна Македонија. Веродостојноста на приложените документи од превозникот дополнително ќе се проверуваат.