Утре почнува постапката за оставката на Заев, Алтернатива ќе одлучува дали ќе влезе во Владата
По констирањето на оставката, според партискиот статут, Извршниот одбор во рок од 15 дена од денот на престанување на функцијата треба да донесе одлука за вантрепартиски избори и да го одреди нивниот датум.
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, утре пред Извршниот и Централниот одбор треба да ја поднесе оставката за партиската позиција. Поради сообраќајната несреќа во Бугарија во вторникот беа одложени состаноците на партиските тела.
По констирањето на оставката, според партискиот статут, Извршниот одбор во рок од 15 дена од денот на престанување на функцијата треба да донесе одлука за вантрепартиски избори и да го одреди нивниот датум.
Според најавите на Заев, се планира СДСМ да добие нов лидер до 14-ти декември, до Советот на ЕУ, на кој ќе се одлучува за почеток на прегворите за членство.
Заев ќе треба да реферира и за преговорите околу дооформување на мнозинството во Парламентот со Алтернатива.
Утре попладне и партијата на Африм Гаши ќе има Централно претседателство на кое ќе треба да се донесе одлука дали ќе се прифати понудата на Заев за учество во извршната власт.
