Политика

ВМРО-ДПМНЕ со критики за новиот директор на РЕК Битола

25.11.2021 13:47

СДСМ со реакција, срамни и ниски се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да омаловажува искусни кадри кои работат во енергетиката.

ВМРО- ДПМНЕ со критики за назначениот нов директор на РЕК Битола. Според партијата деградирачки е компанијата да ја води човек кој нема никакво познавање од енергетиката, ниту реално искуство од областа.

„Опасност по безбедноста на земјата е на чело на најголемиот енергетски капацитет наместо енергетичар од пракса да имаме хармоникаш“-велат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат дека на предходното раководно место на Пеце Матевски се случиле најоглемите хаварии.

СДСМ со реакција, срамни и ниски се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да омаловажува искусни кадри кои работат во енергетиката. Според нив, токму кога ВМРО-ДПМНЕ биле на власт е девастиран енергетскиот сектор, а цената на струјата се зголемила за 100 отсто. Во одбрана на својот кадар, СДСМ посочуваат дека Матевски е стручен и искусен.