Јотовски го пропушта Шарм Ел Шеик

31.03.2014 19:46

Поради болест, нашиот тенисер Томислав Јотовски ќе го пропушти турнирот во Шарм Ел Шеик. ...

Откако ќе ја подобри здравствената состојба, на следните настапи, тој ќе почне од првото коло затоа што е пријавен во главниот дел од натпреварувачката програма.

Јотовски е на 770-то место на АТП листата, а тоа е негов најдобар пласман во кариерата. Доколку продолжи со добри игри, набргу се очекува натамошно искачување на светската тениска табела.