Jубилејна изложба по повод 75 години ДЛУМ

25.11.2021 14:13

Во Националната галери ја на Република Северна Македонија во два објекта Чифте Амам и Мала Станица, ќе биде изложен избор од богатиот творешки опус на членовите на ДЛУМ од почетокот до денес и тоа слики, графики, скулптури, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори.

75- годишниот јубилеј од своето постоење Друштвото на ликовните уметници на Македонија ќе го одбележи со голема ретроспективна изложба која ќе биде отворена на 1-ви декември.

Во Националната галери ја на Република Северна Македонија во два објекта Чифте Амам и Мала Станица, ќе биде изложен избор од богатиот творешки опус   на членовите на ДЛУМ од почетокот до денес и тоа слики, графики, скулптури, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори.

Ќе бидат застапени дела од основоположниците, преку доајените, припадниците на средната генерација, па се до новата генерација на која и припаѓа иднината на ДЛУМ и воопшто иднината ликовната уметност на нашата земја.

Изложбата е под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, и ќе ја отвори претседателот Стево Пендаровски, а ќе трае до 12.12.2021 година.