Тетово со рекордна задолженост
Тетово со рекордни над 24 милиони евра задолженост. Долгот кон јавниот, приватниот сектор, но и кон приватни лица го објави новиот градоначалник Биљал Касами. Граѓаните се прашуваат каде се парите од енормната задолженост, кога на терен речиси ништо нема сработено…

Со најлоша инфраструктура, комуналии и хигиена, а со најголем долг. Тетово на јавни и приватни претпријатија и лица должи над 24 милиони евра. Долгот велат експертите е резултат и на превработеноста во општинската администрација. Ревизијата е неопходна, ако сакаме општината да го фати вистинскиот правец.
Долгот го објави новиот градоначалник Биљал Касами кој најави ревизија.
„Досега е констатирано дека Општина Тетово има над 864 милиони денари долг, училиштата над 4 милиони, ЈКП Тетово над 596 милиони, градски паркинг над 11 милиони денари или вкупно една милијарда 477 милиони 120 илјади и 659 денари или 24 милиони 18 илјади и 222 евра“, изјави градоначалникот Касами.
Претходната локална самоуправа кога дојде на власт наследи задолженост од нас 8 милиони евра и таа најави ревизија за долгот. Граѓаните револтирани. Велат ништо не се работи на терен, каде одат парите од задолжувањата.
Инаку на почетокот од годинава во истражувачката сторија во рамките на проектот „Заедно во борба против корупцијата“, кој беше финансиран и поддржан од Делегацијата на Европската Унија, се посочи дека Тетово, заедно со општините Охрид и Карпош се во врвот на најзадолжени општини.
Зоран Димовски
