Македонија

Расте интересот за вакцинација против Ковид-19 во велешко

25.11.2021 14:49

За една седмица опфатот на вакцинација во Велес порасна, по најавите за рестрикции за лицата кои не се вакцинирани. Овој месец во велешко за 25 дена има 29 починати лица од последиците на корона вирусот...

Бројот на згрижени лица, позитивни на Ковид-19 во трите специјализирани одделенија од велешката болница се движи околу 40-тина. Така е една седмица. Денес ги има 42, од нив 32 се позитивни, останатите се сомнителни или негативни, но со потреба од здрвствена нега, а на кислородна поддршка се 12 пациенти.

Освен од велешко, во трите ковид одделенија на болницата се хоспитализирани и пациенти од Свети Николе и околината. Загрижува високиот број на починати измианатиот период.

Дали поради високата смртност или најавените рестриции за невакцинираните, изминатата седмица во вакциналниот пункт во Велес забележително порасна интересот за вакцинација од корона вирусот. Опфатот заклучно до саботата во велешко од 49,3 порасна на 53,2 отсто.

Заклучно до вчера, според Министерството за здравство, во велешко имаше активни 363 случаи на лица позитивни на Ковид-19.

Петар Печков