Пандемија

Реинфекцијата со Ковид-19 е можна, но многу ретка

25.11.2021 15:18

Расте бројот на повторни инфекци со Ковид-19. Дел од причините за реинфекции – мутаци на вирусот и пад на имунитетот. Директорот на Институтот за имунобиологија Петличковски, вели дека се очекува тие луѓе да поминат значително полесно, а некои од нив да немаат и никакви симптоми...

Пад на имунитетот, мутации на ковид, можност првиот или вториот пат ПЦР тестот да покажал лажно приссутво на ковид – ова се само дел од причините за реинфекции, по втор пат некои лица да се заразат од истата болест, велат микробиолозите. Минатата недела 49 граѓани повторно се разболеле иако го прележале корона вирусот. Вкупната бројка се искачи на 870 - стои во статистиките на Институтот за јавно здравје.

Директорот на Институтот за имунобиологија, д-р Петличковски вели невозможно е да имаме во земјава поголем број на реинфицирани бидејќи тоа е многу редок случај, и во светски рамки се регистрирани десетина случаи.

Петличковски нагласува дека оние што прележале Корона имаат имунитет во наредните шест месеци, но вакцината не е штетно да се прими по еден месец од прележување на вирусот.

Дел од луѓето кои што се водат како реинфицирани се само позитивни на ПЦР- тест вели Петличковски, и тоа е практично колонизација, а не е вистинска инфекција. Вели, не е невозможно човек што е имунизиран, да го вдиши вирусот и потоа истиот да биде детектиран со ПЦР тест, но тоа не е повторна инфекција. Тоа значи дека само вирусот е повторно присутен во дишните патишта.

Оние кои прележале ковид, при повторна реинфекција се очекува да поминат значително полесно, а некои од нив да немаат и никакви симптоми, вели Петличковски.

 

Александра Спировска