Поповски во Велес: Време е за промена на црно- белиот свет

31.03.2014 23:01

„На Македонија и треба национално единство, да живееме едни со други а не едни покрај други, да гледаме во иднината а не во минатото“, ова на велешани им го порача претседателскиот кандидат на Граѓанската опција за Македонија, Зоран Поповски.

Барајки го гласот на народот Поповски вели дека дојдено е време за промена на црно белиот свет.

„Да обезбедиме сите граѓани независно од нивната партиска, нивната етничка и верска припадност да се чувствуваат еднакви“, рече Зоран Поповски, кандидат за претседател на Република Македонија од ГРОМ.

Приказната за успешните тргна од Карпош, со Поповски сакаме да продолжи во цела Македонија, рече претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

„Да имаме претседател кој што ќе знае да отвори теми и дилеми во оваа Држава е да видите тогаш како ние ќе имаме претседател кој ќе го почитуваат граѓаните“, додаде Јакимовски.

Не ми е целта, рече Поповски, пред велешани да  дојдам до  претседателската фотеља, целат ми е да бидам ваш претседател кај кој вратите за сите вас стално ќе бидат отворени.

Дијана Иванова