Oбвинителката Русковска се сретна со евроамбасадорот Гир

25.11.2021 15:27

Амбасадор Гир покажа интерес за функционирањето на обвинителството, неговата кадровска екипираност, како и идните планови во врска со преселувањето во новите простории, соопштуваат од Обвинителството.

Основната јавна обвинителка Вилма Русковска  вчера беше домаќин на претставници на Делегацијата на Европската унија во земјава, предводени од амбасадорот Дејвид Гир. Едночасовната средба беше од протоколарен карактер и се одржа во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Амбасадор Гир покажа интерес за функционирањето на обвинителството, неговата кадровска екипираност, како и идните планови во врска со преселувањето во новите простории, соопштуваат од Обвинителството.

Истакнувајќи го своето задоволство за работењето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, амбасадорот понуди помош од Европската унија за уште поефикасно и поефективно работење на ова обвинителство.