Засилени царински контроли на сите гранични премини
Засилени царински контроли на сите гранични премини откако се утврди дека возилото на „Беса транс“ излегло од земјава без да биде евидентирано. Институциите ќе ја проверуваат и веродостојноста на документите со кои се излегува од земјава.

Царинската управа ги зголемува контролите на граничните премини по последниот случај со автобусот на „Беса Транс“ кој без да биде евидентиран излезе од земјава, а изгоре во Бугарија. Царинската управа суспендира двајца цариници, мерка и за раководителот. Се утврди дека автобусот возел без да има извод од лиценца .Од Царината соопштуваат дека ќе се проверуваат документите со кои возилата излегуваат од државата .
Во тек е и вонреден надзор над превозникот „Беса Транс“ од страна на Државниот инспекторат за транспорт . Инспекторатот во наредниве денови треба да утврди колку автобуси на компанијата имаат лиценца, дали за вработените се почитувал законот.
Претходно Министерството за транспорт и врска ја одзеде лиценцата за работа на компанијата и туристичката агенција доби забрана за работа. Според МВР последната техничка проверка на автобусот била направена на 5-ти октомври годинава.
Дијана Ценевска
