Обвинителство

Ќе се споредуваат листите на патници во автобусите за да се види кој недостасува

26.11.2021 09:41

Обезбедувањето на листите од граничните премини е за да се направи споредба на патниците, бидејќи според изјавата на обвинителот Сарафов, недостига еден патник од запалениот автобус, информираат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде усна наредба до СВР Скопје за обезбедување листи на патници кои со автобуси на „Беса транс“ ја напуштиле државата на 18-ти ноември 2021-ва, година и листи на патници кои влегле во државава на 22-ри ноември 2021-ва година.

Обезбедувањето на листите од граничните премини е за да се направи споредба на патниците, бидејќи според изјавата на обвинителот Сарафов, недостига еден патник од запалениот автобус, информираат од Обвинителството.

Истата постапка ја спроведува и бугарското обвинителство, кое ги споредува листите од нивните гранични премини.