Собрание

Завршува општата комисиска расправа за буџетот, од утре ќе се разгледуваат амандманите

26.11.2021 10:14

Доколку нема некое непланирано одложување амандманската расправа околу државната каса за 2022 се очекува да завши во среда, а потоа текстот се враќа во владата која треба да ги вгради прифатените амандмани.

Денеска треба да заврши општата расправа за предлог- буџетот за наредната година во матичната комисија за финансирање и буџет. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека поднела 220 амандмани на предложениот буџет.

Доколку нема некое непланирано одложување амандманската расправа околу државната каса за 2022 се очекува да завши во среда, а потоа текстот се враќа во владата која треба да ги вгради прифатените амандмани.

Според процедурата, дополнетиот предлог- буџет потоа се враќа во Собранието на пленарна седница, која може да трае најмногу пет дена.

Во досегашната комисиска расправа сите партии и од власта и од опозицијата се согласни дека и покрај различните ставови, предлог буџетот треба да се донесе до крајот на годината. Предвидени се расходи во износ од 272,4 милијарди денари. Приходи од 238,9 милијарди и дефицит на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3% од БДП.