Енергетска криза

Ќе се активира ТЕЦ Неготино, од декември до април

26.11.2021 10:17

Термоцентралата Неготино ќе се активира од декември до април, има моќност од 180 мегавати, а за првиот месец мазут ќе обезбеди владата, а струјата ќе се користи за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи, дел ќе биде за потребите на МЕПСО, а вишокот ќе се понуди на продажба.

Владата даде согласност ЕСМ да го активира со работа ТЕЦ Неготино за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза.

Термоцентралата Неготино ќе се активира од декември до април, има моќност од 180 мегавати, а за првиот месец мазут ќе обезбеди владата, а струјата ќе се користи за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи, дел ќе биде за потребите на МЕПСО, а вишокот ќе се понуди на продажба.

Цената на мегават час добиен од мазут се движи од 150 до 180 евра, во зависност од моќноста со која работи, велат од Владата.