„Кармен“ на сцената на Националната опера и балет
Диригент е украинката Оксана Мадараш, гостинки од Бугарија се режисерката Нина Најденова и сценографот Елена Иванова, костимите се на Марија Папучевска, а кореографијата на Олга Панго.
Во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“ вечерва на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведено ремек делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“.
Диригент е украинката Оксана Мадараш, гостинки од Бугарија се режисерката Нина Најденова и сценографот Елена Иванова, костимите се на Марија Папучевска, а кореографијата на Олга Панго.
Во насловната улога Кармен ќе настапи Николина Јаневска, Дон Хозе ќе го игра Зоран Сотиров, Ескамилио – Ристе Велков, а Микаела – Сандра Митровска.
Ќе настапат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
