Пандемија

Ковид-19: Нова варијанта на вирусот во Јужна Африка

26.11.2021 10:34

Експертите работат со сите воспоставени системи за да ги откријат можните потенцијални импликации. Откриени се првите 22 случаи, главно концентрирани во една провинција во Јужна Африка, но се очекуваат и нови поради непредвидливата природа на коронавирусот. Поради малку јасните одговори, Велика Британија веќе воведе нови ограничувања.

Расте загриженоста во светот откако нова силно мутирана варијанта на вирусот е регистрирана во Јужна Африка. Според Центарот за епидемија и иновации во земјата, вирусот со генеричко име Б.1.1.529 е многу поразличен од останатите варијанти што циркулираат.

Експертите работат со сите воспоставени системи за да ги откријат можните потенцијални импликации. Откриени се првите 22 случаи, главно концентрирани во една провинција во Јужна Африка, но се очекуваат и нови поради непредвидливата природа на коронавирусот. Поради малку јасните одговори, Велика Британија веќе воведе нови ограничувања.

„Раните индикации што ги имаме за оваа варијанта се дека таа може да биде повеќе пренослива од делта варијантата, а вакцините може да бидат помалку ефикасни против неа. Во Британија засега нема откриено ниту една нова варијанта, но сме претпазливи и затоа шест јужноафрикански земји ќе ги додадеме на црвената листа за патувања“, изјави Саџид Џавид, Секретар за здравство во Обединетото Кралство.

Светската здравствена организација свика итен вонреден состанок на кој ќе се дискутира за новиот загрижувачки сој на коронавирус.