Мигрантска криза
Нова група мигранти од Белорусија вратени во Ирак
26.11.2021 11:09
Илјадници бегалци со недели беа заглавени на Белоруско-полската граница, во политичкиот спор и тензии меѓу Минск и Варшава.

Вториот лет за репатријација на мигрантите од Белоруско-полската граница слета во Ирбил, една недела по враќањето на стотици луѓе дома. Хуманоста и правдата што луѓето ги кажуваат за Европа се далеку од реалноста- коментираат дел од мигрантите.
Илјадници бегалци со недели беа заглавени на Белоруско-полската граница, во политичкиот спор и тензии меѓу Минск и Варшава.
ЕУ го обвинува Лукашенко дека намерно ги доведува мигрантите поради економските санкции, но тој ги отфрла обвинувањата и тврди дека САД сакаат да предизвикаат војна користејќи ги Полска, Балтичките земји и моменталната мигрантска криза.
