Откуп на земјиште под легализирани куки

Ке се приватизираат и парцели на индустриски објекти

19.11.2013 09:31

По 60 денари за квадрат ќе се откупува земјиштето под легализирани куки

Цената важи и за дворното  место до 500 квадрати .За поголеми парцели ке се пресметува согласно местоположбата и општината . Ќе се отуѓува со непосредна спогодба . И земјиштето под индустриски објекти што е во државна сопственост ке се приватизира. Цените се  дефинирани во законот за градежно земјиште.

-За откуп на земјиште на индустриските објекти, нема ограничувања за квадратурата на парцелата. Цените што ќе се плаќаат за земјишето под објект се еднакви со ценовникот на Министерството за финансии и варираат од 240 до 480 денари за метар квадратен во зависност од општината и регионот – вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Цените се  дефинирани во законот за градежно земјиште. Мерките се сторени за потребите на семејствата и стопанствениците кои не можеа да се стекнат со сопственост врз земјиштето на кое инвестирале во дом или бизнис . Нема рок за достава на документацијата. Досега во целата држава се легализирани околу 60.000 објекти.Од нив 585 се деловни , 560 се базни станици. Остатокот индивидуални куќи. Легализацијата е во тек , елеборатотите до јуни 2014 тата. Владата нема намера да го продолжи рокот за достава на документацијата.

Сузана Фиданска Стоевска