Пендаровски: Претседателот треба да е двигател на сите процеси во државата
31.03.2014 23:22
Председателски кандидат на Социјал демократскиот сојуз на Македонија, одржа митинг во Гевгелија. На граѓаните им рече дека само државен конзенус е решение за името со Грција.

Пред гевгеличани ја образложи својата програма, како приоритет ги смета економијата, демографијата и демократијата. Стево Пендаровски рече дека активно ќе учествува во стратешките цели на земјава, а тие се интегрирање на земјава во ЕУ и НАТО.
Пендаровски смета дека председателот треба да одговори на сите предизвици и треба да е двигател на сите процеси во државата. Стево Пендаровски осмиот ден од кампањата го посети гевгелиско - валандовскиот регион. Се сретна со граѓаните на Валандово-Дојран-Богданци.
