МОН: Договори за ученички и студентски стипендии ќе може да се доставуваат и утре
Писарницата во рамки на институцијата ќе работи и во текот на утрешниот ден, сабота 27.11.2021 од 09:00 до 16:00 часот и ќе можат да се доставуваат потребните документи.
Министерството за образование и наука ги известува сите ученици и студенти кои се нови добитници на стипендија, односно ова право го имаат остварено на конкурсите за доделување на стипендии за учебната/академската 2021-2022 година дека писарницата во рамки на институцијата ќе работи и во текот на утрешниот ден, сабота 27.11.2021 од 09:00 до 16:00 часот и ќе можат да се доставуваат потребните документи.
Согласно наведените информации при објавата на резултатите од конкурсите, сите апликанти чии пријави се прифатени и се наоѓаат на листите со добитници на стипендија, имаат обврска од веб страницата на МОН да го симнат соодветниот договор, да го пополнат во три примероци и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достават до министерството.
