Телефонски разговор Зеленски, Меркел и Мишел за безбедносната ситуација на границата со Русија
Меркел и Зеленски се согласија за поддршка на меѓународната заедница, како и да ги задржат санкциите за ограничување на заканите од Русија- се вели во соопштението на украинското претседателство.

Украинскиот претседател Зеленски имаше одвоени телефонски разговори со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за безбедносната ситуација на границата со Русија.
Меркел и Зеленски се согласија за поддршка на меѓународната заедница, како и да ги задржат санкциите за ограничување на заканите од Русија- се вели во соопштението на украинското претседателство.
Вчера Меркел ја предупреди Русија поради распоредувањето претерано голема воена сила во близина на границата со Украина. Најави нови санкции доколку Русија изврши агресија врз Украина.
Во разговорот со Мишел било потенцирано дека воспоставувањето контакт меѓу земјите со учество на ЕУ може да помогне во ублажувањето на кризата.
