Автобуска несреќа во Бугарија

Неуспешен обид за вонреден инспекциски надзор во „Беса транс“

26.11.2021 12:44

Инспекторите наишле на затворена врата, и во седиштето на компанијата и во деловните простории. Инспекторите не успеале ниту да остварат телефонски контакт. Инспекторатот ги добил сите потребни документи од институциите каде што била регистрирана компанијата.

Државниот инспекторат за транспорт не успеал да изврши вонреден надзор на фирмата „Беса транс“, чиј автобус изгоре во Бугарија, кога 44 патници го загубија животот.

Инспекторите наишле на затворена врата, и во седиштето на компанијата и во деловните простории. Инспекторите не успеале ниту да остварат телефонски контакт. Инспекторатот ги добил сите потребни документи од институциите каде што била регистрирана компанијата.

Министерството за транспорт и врски во средата ѝ ја одзеде лиценцата за работа на туристичката агенција „Беса транс“. Царината суспендира двајца цариници, а мерка имаше и за раководителот.