Автобуска несреќа во Бугарија

Пронајдено уште едно тело при дополнителен преглед на автобусот

26.11.2021 13:08

При дополнителен преглед на автобусот што изгоре во Бугарија на автопатот „Струма“ е пронајдено уште едно тело. Станува збор за дете, потврдил за бугарските медиуми заменик-главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба, Борислав Сарафов...

При дополнителен преглед на автобусот што изгоре во Бугарија на автопатот „Струма“ е   пронајдено уште едно тело. Станува збор за дете, потврдил за бугарските медиуми заменик-главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба, Борислав Сарафов. Веста ја пренесе и Бугарската национална телевизија.

Бројот на жртвите во трагичниот инцидент изнесува 45, како што беше првично објавено, а седумте преживеани патници се во болницата „Пирогов“.

Бугарското обвинителство вчера излезе со првични информации по автобуската несреќа. По направените аутопсии се покажало дека сите загинати починале од задушување, а не од ударот. Обвинителите велат дека конечната проценка за причините ќе ја дадат финалните анализи, но водечка верзија, во овој момент е човечка грешка.