Македонија

Крушево: Потребна е регионална депонија

26.11.2021 14:10

Крушево се бори со децениски проблем - градската депонија. Десетина дена гори на депонијата, градските власти интервенираат, а и дождот и снегот, но решението е во регионална депоија и активен ангажман на државата за овој, велат општ проблем кој ја загадува животната средина...

Десетина дена гори на крушевската градска депонија. Дождовите или снегот се одложување на проблемот. Од комуналното претпријатие велат дека има повеќе причини. Депонијата е на 10-ина илјади метри квадратни, на стрмно земјипште и дневно се депонира по 20 метри кубни смет. Потребна е и совесност на граѓаните.

Градските власти третирале со хемиски средства кои чинат над 5.000 евра, дејството е едногодишно, но со мал буџет не може да си дозволат скап третман. Проблемот е децениски. Потребна е регионална депонија, но неопходни се помош и ангажман на државата.

Крушево кое е на прагот на новата зимска сезона бара да се реши проблемот што ги засега и другите општини.

 

Елизабета Митреска