Одложени мерките против Ковид-19
Владата ги одложи најевените мерки и ѝ препорача на Комисијата за заразни болести да направи дополнителни анализи за да се поттикне имунизацијата против Ковид- 19. Економски ќе се стимулираат граѓаните, но и рестрикции за невакцинираните...

Здравствените работници и јавната администрација куртулија од предложените мерки за задолжителна вакцинација за Ковид- 19. Владата ја одложи примената и препорача на Комисијата за заразни болести да прави дополнителни анализи и компаративни студии, но и да даде предлози како би се поттикнала масовната вакцинација. Ќе се зајакнат и контролите, но и ќе се прави скрининг во државните институции.
„Во насока на поттик за масовна вакцинација, владата ги задолжи сите министерства, јавните претпријатија, акционерските друштва и агенциите во државна сопственост, да спроведат скрининг за да се утврди процентот на вакцинирани во државната и јавната администрација, како и да ги утврдат можностите за стимулација за поголем до целосен опфат со вакцинацијата, како и правната основа за рестрикции на правото на дежурства, прекувремена работа, службени патувања и други опции за дополнителни приходи за вработените во јавната администрација“, велат од Владата.
Со економски стимулации Владата планира да ги мотивира граѓаните да се имунизираат, а поголеми ќе бидат рестрикции за невакцинираните. Ова, како што соопштија, е со цел да ги мотивира и упати граѓаните кон единствената и најефективна мерка за заштита на здравјето и за спас на сопствениот живот од Ковид-19.
И доктор Злате Мемхедовиќ се согласува дека е потребна сериозна анализа, врз основа на што Комисијата ги темели препораките вакцинацијата да биде задолжителна, но смета дека тоа требаше да биде направено порано бидејќи светот е влезен во новиот бран на Ковид- 19. Наместо досега да имаше мерки и да се сузбие вирусот, сега се остава простор за поголемо ширење меѓу населението, вели тој.
Меџмедовиќ со препорака Владата да преземе сѐ за да се зголеми опфатот на вакцинација, но и да го едуцира населението дека тоа е безбедно и е единствен начин за заштита од смртоносниот вирус.
Пред десетина дена Комисијата за заразни болести предложи до Владата сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа задолжително да се вакцинираат против Ковид-19. Вработените за да се појават на работа ќе требаше да приложат потврда за најмалку една примена вакцина, негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, направен на сопствен трошок, или потврда за прележан Ковид-19, не постара од 45 дена.
Викторија Милевска
