Автобуска несреќа во Бугарија

Јовески потврди дека е пронајдено уште едно тело во автобусот

26.11.2021 15:00

Претставници на Бугарското јавно обвинителство пристигнаа во земјава за да ги добијат анализите од земените примероци на роднините на починатите. Републичкиот јавен обвинител, потврди дека има уште една жртва во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“.

Се работи за лице на помлада возраст. Во несреќата настрадале 45 патници, а седум се пренесени на лекување во софиската болница, изјави Јовески.

Прашан како четири дена по настанот е пронајдено уште едно тело, Јовески рече дека Обвинителството беше транспарентно во целиот процес и се што е преземено е соопштено на јавноста.

Апсолутно сум уверен дека нема никаков сомнеж во пронаоѓањето на уште едно тело, затоа што од сликите што ги видовте, автобусот е многу оштетен. При соодветните вештачења во дел од автобусот е пронајдено уште едно тело. Според тоа, ја уверувам јавноста да нема никаков сомнеж во тоа и тоа ми го потврдија и бугарските обвинители и ова е неспорен факт, изјави Јовески.

Во однос на т.н. „осми патник“, Јовески рече дека сето тоа ќе се утврди во текот на истрагата што ја водат бугарските власти.

Државниот обвинител нагласи дека продолжува заедничката соработка со бугарските истражители, за целосно расветлување на трагедијата.