Автобуска несреќа во Бугарија

Пронајдено е уште едно тело во автобусот

26.11.2021 15:20

Станува збор за дете, потврдил за Бугарската национална телевизија, заменик-главниот обвинител и шеф на националната истражна служба, Борислав Сарафов. Со тоа, трагичниот биланс се искачи на 45 загинати во несреќата на автобусот на „Беса транс“...

Во дополнителниот преглед на автобусот што изгоре во Бугарија, пронајдено е уште едно тело. Станува збор за дете, потврдил за Бугарската национална телевизија, заменик-главниот обвинител и шеф на националната истражна служба, Борислав Сарафов. Со тоа, трагичниот биланс се искачи на 45 загинати во несреќата на автобусот на „Беса транс“. Марија Котовска известува од местото на трагичниот настан.