Автобусот на „Беса транс“ користел лиценца од друго возило
Неуспешно заврши и обидот на Државниот инспекторат за транспорт за вонреден надзор на фирмата „Беса Транс“. Инспекторите наишле на затворени врати и во седиштето на компанијата и во деловните простории.

Со лиценца од друго возило автобусот на „Беса транс“ го минал граничниот премин „Деве Баир“, велат од Министерството за транспорт. Од ресорот посочуваат дека со злоупотребата на документите превозникот свесно ги прекршил одредбите од Законот за превоз. Опожарениот автобус не бил пријавен во електронската база на Министерството. Според МВР, опожарениот автобус на „Беса транс“ оваа и минатата година реализирал 135 гранични преминувања.
Неуспешно заврши и обидот на Државниот инспекторат за транспорт за вонреден надзор на фирмата „Беса Транс“. Инспекторите наишле на затворени врати и во седиштето на компанијата и во деловните простории.
Министерството за транспорт и врски во средата ја одзеде лиценцата за работа на туристичката агенција „Беса Транс“. Царината суспендираше двајца цариници, а мерка е најавена и за раководителот. Оттаму најавија дека веродостојноста на документите дополнително ќе се проверува, а во меѓувреме се засилени контролите на граничните премини.
Дијана Ценевска
