Македонија

Мицкоски: Одговорност и оставки

26.11.2021 16:26

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност и оставки од надлежните министри. Според него, непреземањето на морална одговорност претставува срам за политичарите кои не ја научиле лекцијата од минатото. Предложи пакет мерки за превенција од идни можни несреќи.

Три дена, додека траеја прогласените денови на жалост, не излегувавме со оценки во јавноста за да не бидеме разбрани дека внесуваме политика во целиот овој процес. Но, нема да ги премолчиме очигледните пропусти, недоречености и барањето за одговорност за страшната несреќа - став на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Мицкоски вели дека немилиот настан во Бугарија е продолжување на нефункционирањето на институциите на власта.

Мицкоски побара одговорност и оставки од надлежните министри. Според него, непреземањето на морална одговорност претставува срам за политичарите кои не ја научиле лекцијата од минатото. Предложи пакет мерки за превенција од идни можни несреќи.

„Предложивме вонреден технички преглед на сите превозни средства кои се користат за јавен превоз на патници, вонреден преглед на техничките станици каде се врши техничкиот преглед на овие автобуси, предложивме најмалку три пати годишно да одат автобусите постари од осум години, четири пати автобусите постари од 12 години, се на товар на државата и да биде јавно достапен списокот на автобуси кои имаат лиценци за превоз, не тоа да биде некоја тајна која ја крие надлежното министерство“, изјави Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е недозволиво секоја несреќа или криминал во државава, владата да ја сведе со одговорност на некој од службениците.

Марина Стојанова- Тонева