Унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарските здруженија од Западен Балкан
Во собранието потпишана декларација за унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарските здруженија од Западен Балкан. Целта е подобрување на состојбата на слободата на изразување и зајакнување на улогата на граѓанските организации...

„Има потреба од интервенција во законските решенија со кои статусот на сигурноста на работата на новинарите би се дефинирала како службена должност“ – рече претседателот на Собранието,Талат Џафери. Според него, новинарите се извршители на службени должности во име на граѓаните.
Ова е прв пат на исто место да се соберат новинари и претставници на парламентите и да зборуваат за една тема која што е многу важна за слободата на медиумите, рече претседателот на Здружението на новинари, Младен Чадиковски.
„Пратениците да ја земат во свои раце моќта која што ја поседуваат за да можат да креираат добри закони во функција на добри јавни политики, а ние медиумите на најдобар можен начин да бидеме чувари на демократијата и да можеме слободно и непристрасно да известуваме“, нагласи Чадиковски.
За подобра соработка меѓу парламентарците и новинарите, за поголема транспарентност и отчетност, потпишана е декларација во која се вклучени новинарските здруженија од четири земји од Западен Балкан. Оваа конференција ќе се одржува секоја година, ќе се анализираат достигнувањата и унапредувањата на состојбата.
Александра Спировска
