Идентификација на телата во најкус можен рок
Претставници на Бугарското јавно обвинителство пристигнаа во земјава за да ги добијат анализите од земените примероци на роднините на починатите. Републичкиот јавен обвинител, потврди дека има уште една жртва во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“. Продолжува заедничката соработка за целосно расветлување на трагедијата...

Со предавање на ДНК профилите на роднините на покојните, почнува идентификацијата на жртвите кои загинаа во сообраќајната несреќа во Бугарија.
Истражители од соседната земја дојдоа во Скопје сами да ги подигнат материјалите. Податоците ќе се вкрстат за да се добие одговор за идентитетот на телата кои беа пронајдени во изгорениот автобус.
Од обвинителството велат дека на овој начин ќе се идентификуваат сите жртви. Испратена е замолница до бугарските власти да прифатат асистенција од двајца наши доктори од Институт за Судска медицина за процесот побрзо да заврши.
Јовески информира дека истрагата е сѐ уште отворена. Издадени се наредби за вештачење на автобусот, за неговата техничка исправност и точно да се утврди од што избувнал пожарот.
Анита Димитријевска Велковска
