Иванов во Струмица:„Македонија е зрела држава“

31.03.2014 23:52

„Вечерва се собравме сите тука во Струмица за да дадеме поддршка на сегашниот и иден претседател на РМ - Ѓорѓе Иванов“, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

„За овие години тој докажа како се работи за интересите на државата и за граѓаните. ТОј остана со народот, остана истиот како што го познававме и порано. Него, политиката и моќта, не го променија“ рече Груевски

„Заедно и сплотени сме посилни како народ и како држава“ рече кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ - Ѓорѓе Иванов

„Работиме тимски со владата и како држава, повлековме храбри чекори. Работиме автентична внатрешна и надворешна политика. Македонија е зрела држава“ - рече Иванов пред струмичани.

Наташа Гркова Петрушевска