Нова средба Заев- Гаши
Неизвесно дали ќе падне договор Алтернатива да се прикучи во Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок. Средбата доаѓа откако Гаши доби поддршка од сопартијците да продлжи со преговорите.
Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши во 14 часот ќе одржат нова средба.
Неизвесно дали ќе падне договор Алтернатива да се прикучи во Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок. Средбата доаѓа откако Гаши доби поддршка од сопартијците да продлжи со преговорите.
Социјалдемократите се речиси сигурни дека алтернатива ќе влезе во владата. Сметаат дека има простор за интензивирање на разговорите за приклучување на Алтернатива. Од ДУИ, пак повторуваат дека Заев треба да остане на премиерската позиција. И СДСМ и ДУИ тврдат дека мнозинството е стабилнои имаат 61 пратеник.
Опозицијата и натаму со барање за предвремени парламентарни избори.
