Халими: Не сме слушнале дека ЕУ не го подржува бојкотот

31.03.2014 23:59

„Вработеноста и инфраструктурата се главен проблем во овој регион“ изјави председателскиот кандидат на ДПА, Илјаз Хамили во тетовско Шемшево...

Порача дека ќе се залага за рамноправна распределба на буџетот,вели дека ќе остварува  средби и контакти со странски инвеститори за да вложуваат во овој регион.

„Иако од една партија повикуваат на бојкот за председателските избори, граѓаните размислуваат со своја глава и не секогаш ги слушаат наредбите кои се спротивни од демократските процеси“, рече Халими.

"Ние не сме слушнале да се произнесат меѓународните фактори, било од ЕУ и од советот на Европа  како ни од ОБСЕ дека не го подржуваат бојкотот, бидејќи тој е штетен за демократијата", рече претседателскиот кандидат на ДПА Илјаз Халими.

Халими имаше средби и со граѓаните на  Јажинце,Ораце,Белатице,Рокље.