Јапонија ги затвора границите, светот во страв
Иако се уште научниците немаат јасна слика дали новата варијанта е поалармантна од другите соеви на вирусот, голем број земји побрзаа да ги заострат мерките за да го спречат ширењето на пандемијата што уби повеќе од 5 милиони луѓе.

По Израел и Мароко, Јапонија од утре ги затвора границите за странските посетители од целиот свет, по појавата на новата варијанта на коронавирус, за да го спречи најлошото сценарио во земјата- изјави премиерот Кишида.
Иако се уште научниците немаат јасна слика дали новата варијанта е поалармантна од другите соеви на вирусот, голем број земји побрзаа да ги заострат мерките за да го спречат ширењето на пандемијата што уби повеќе од 5 милиони луѓе.
Досега случаи на заразени со Омикрон во Европа се регистрирани во Велика Британија, Германија, Австрија и Италија. Но, неколку случаи се веќе забележани и во прекуокеанските земји, Австралија и Канада.
Новата варијанта беше идентификувана пред неколку дена во Јужна Африка. Министрите за здравство на земјите од Г7 денеска на итен состанок.
