Тројца повредени во автобуската несреќа ќе бидат отпуштени попладне од софиската болница
Претходно во саботата во Скопје пристигнаа првите двајца од повредените, хоспитализирани во „Пирогов“, 16 годишна девојка и 49 годишен маж. Тие се префрлени на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и имаат постојана психолошка поддршка.

Тројца повредени од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ се очекува попладнето да бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“.
Според Македонската информативна агенција, станува збор за брачна двојка и млада девојка. Пацинетите се во стабилна и добра општа состојба.
Претходно во саботата во Скопје пристигнаа првите двајца од повредените, хоспитализирани во „Пирогов“, 16 годишна девојка и 49 годишен маж. Тие се префрлени на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и имаат постојана психолошка поддршка.
Во софискиот медицински центар ќе останат уште двајца од повредените.
