Магијата на Шопен во Филхармонија
Кристијан Каровски е роден во Скопје, во семејство на музичари-пијанисти. Уште од најмала возраст доаѓа до израз неговиот голем и невообичаен талент за музика...

Овој четврток во големата сала на Филхармонија, концертен рецитал ќе одржи пијанистот Кристијан Каровски. Концертот е насловен „Магијата на Шопен“ и ќе бидат изведени дела од еден од големиот романтичар и пијанист – Фредерик Шопен.
Кристијан Каровски е роден во Скопје, во семејство на музичари-пијанисти. Уште од најмала возраст доаѓа до израз неговиот голем и невообичаен талент за музика. Како особено талентирано дете, своето музичко образование го започнува во класата на проф.Људмила Романова, а го заокружува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Борис Романов, каде дипломира и магистрира со највисоки оценки и почест "Cum laude".
Неговата концертна дејност започнува на 9 годишна возраст со изведба на сериозни дела од литературата за пијано. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Кристијан Каровски израснува во пијанист со врвни професионални перформанси и изразита индивидуалност. Сите негови концертни настапи се одликуваат созрелост и оргиналност во музичкиот израз, соопштуваат од Филхармонијата.
