Австрија

Нови преговори за Иранскиот нуклеарен договор

29.11.2021 11:02

Западните преговарачи се загрижени, бидејќи Иран има големо количество високо збогатен ураниум, откако во 2018 поранешниот американски претседател Трамп најави повлекување од договорот.

Нов обид да се заживее Нуклеарниот договор со Иран- прво дипломатско зближување по петмесечна пауза и смена на кормилото.

На новата рунда присуствуваат и претставници на ЕУ. Западните преговарачи се загрижени, бидејќи Иран има големо количество високо збогатен ураниум, откако во 2018 поранешниот американски претседател Трамп најави повлекување од договорот.

Техеран бара гаранции од Вашингтон. Американскиот претседател Џо Бајден вети дека САД ќе ги почитуваат сите договори сѐ додека Иран го прави истото.