Регион

Косово: За девет часа регистрирани три земјтреси

29.11.2021 12:06

Првиот потрес со јачина од 2,4 степени по Рихтер е регистриан во 2 часот и 20 минути, еден час подоцна и вториот од 2,9 степени, додека третиот со јачина од 2,6 затресол во изутрината нешто по 4 часот.

Тлото на Косово се тресе. За само девет часа, од ноќеска се регистрирани три земјотреси. За среќа сите со послаб интензитет.

Првиот потрес со јачина од 2,4 степени по Рихтер е регистриан во 2 часот и 20 минути, еден час подоцна и вториот од 2,9 степени, додека третиот со јачина од 2,6 затресол во изутрината нешто по 4 часот.

Освен вознемиреност кај жителите, не се забележани никакви оштетувања.