Филипче: Се следи ситуацијата со новиот сој, остануваме со мерките кои се во сила
Министерот за задравство Венко Филипче смета дека рестрикции од типот, затворање на границата нема да дадаат ефект. Вели- акцент ставаме на вакцинацијата...

Стабилна е епидемиолошката состојба со коронавирусот во земјава. Се следи ситуацијата со новиот сој Омикрон, остануваме со мерките кои се во сила – ова е заклучок од состанокот на Комисијата за заразни болести.
Министерот за задравство Венко Филипче смета дека рестрикции од типот, затворање на границата нема да дадаат ефект. Вели- акцент ставаме на вакцинацијата.
„Нашиот став е дека остануваме на мерките кои се во сила. Се уште нема доволно информации, иако СЗО укажува на тоа дека е попренослив. Можеби се тука некаде со степенот на преносливост на Делта сојот. Сметам дека мерка како затворање на граници или карантинизирање на патници, нема да даде ефект“, изјави министерот Филипче.
Министерот за здравство рече дека утре на седница на Влада ќе се разгледуваат мерките за стимулацијата на матичните лекари за да ги мотивираат своите пациенти да се вакцинираат.
