Денеска пристигнуваат уште тројца повредени во автобуската несреќа
Денеска пристигнуваат уште тројца повредени во автобуската несреќа. Преостанатите ќе бидат префрлени во Скопје, во текот на неделата. Пациентите се преземаат со лекарски тим и медицински возила од Македонија. Сѐ уште не се знае, кога точно ќе заврши идентификацијата на телата на загинатите во несреќата.

Уште тројца повредени од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ се враќаат во Скопје од софиската болница „Пирогов“. Станува збор за брачна двојка и млада девојка. Сите пациенти се во стабилна и добра општа состојба, информирааат од медицинскиот центар во Софија, каде ќе останат уште двајца пациенти од Македонија.
„Пациентот сместен на клиниката за неврхирургија непречено закрепнува и веќе се движи. Потсетуваме дека тој беше подложен на две успешни операции – на потколеницата и на рбетот“, велат од болницата „Пирогов“.
Тројцата пациенти што ќе пристигнат во Македонија ќе бидат задржани на Клиниката за пластична хирургија, информира министерот за здравство Филипче.
„Веројатно тројцата иницијално ќе бидат задржани повторно на Клиниката за пластична хирургија. Добро се чувствуваат сите кои се таму, вклучувајќи ги и овие тројца. Добро се чувсвутвува и оперираниопт пациент. Тој веќе е вертикализиран и почнува да оди“, изјави министерот Филипче.
Претходно во саботата во Скопје од Софија пристигнаа првите двајца од повредените, 16 годишна девојка и 49 годишен маж, коибеа префрлени на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, а денес ќе бидат испишани на домашно лекување.
Марија Котовска
