Франција: На северот поплави, во 11 региони снег и мраз
29.11.2021 14:13
Дел од градот Ескелбек остана под вода, откако за само неколку часа нивото се искачило до еден метар. Во други 11 региони прогласена е портокалова тревога ...

Тревога за поплави прогласена на северот од Франција. Дел од градот Ескелбек остана под вода, откако за само неколку часа нивото се искачило до еден метар. Во други 11 региони прогласена е портокалова тревога поради најави за снег и мраз, кој веќе направи проблеми во сообраќајот на одделни делници.
„Сакав да одам на прошетка во шумата и ме изненади снегот, останав заглавена“.
„Се опремивме, ги ставивме синџирите и сега можеме повторно да тргнеме мирно и безбедно“.
На големо задоволство на скијачите, центрите се повторно отворени.
