Протести во Либан

29.11.2021 14:47

Затворањето на патиштата со запалени гуми беше забележано во главниот град Бејрут, Триполи, Сидон и Источната долина Бека.

Демонстранти ги затворија главните патишта во Либан незадоволни од политичката состојба во земјата во услови на економска криза и тешките услови за живот. Затворањето на патиштата со запалени гуми беше забележано во главниот град Бејрут, Триполи, Сидон и Источната долина Бека.

„Денес е ден на гневот. Гладот не прави разлика меѓу секти или религии. Немаме врска со политикта. Ова е народно движење во име на цивили, припадници на војската и на сите што се обидуваат да најдат храна и лекови“, вели еден демонстрант

Економската криза во Либан се влоши во последниве недели со тоа што либанската фунта достигна нови најниско ниво. Претходно месецов, Министерството за здравство ги намали субвенциите за некои лекови.