Политика

Почна средбата на Заев и Гаши за приклучување на Алтернатива во Владата

29.11.2021 15:03

Неизвесно, дали ќе падне договор Алтернатива да им се приклучи на Владата и на парламентарното мнозинство или пак, ќе остане во опозицискиот блок.

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши на нова средба во Клубот на пратеници. Неизвесно, дали ќе падне договор Алтернатива да им се приклучи на Владата и на парламентарното мнозинство или пак, ќе остане во опозицискиот блок.

Пред почетокот на средбата премиерот Заев не сакаше да коментира ништо, и најави дека по нејзиното одржување ќе следи соопштение.

Не може да кажеме ништо пред да се одржи средбата, рече кусо Заев во одговор на новинарско прашање за коментар за барањата на Алтернатива за влез во Владата.

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши пред одржувањето на средбата посочи дека определба на партијата е да се даде шанса за излез од политичката криза, како и од енергетската и здравствената криза и како што рече, да и се помогне на државата да не ја изгуби историската шанса да започне преговори за членство во ЕУ.

Ќе видиме каков е концептот на премиерот и неговите сегашни партнери и што очекуваат од нашиот придонес во идната влада. Ако успееме да изградиме нов концепт, поголеми промени, мислам дека Алтернатива е подготвена да помогне, рече Гаши.

Ние преговараме со СДСМ и со другите партнери и многу ни е битно да се договориме концептуално како ќе продолжиме понатаму- рече Гаши.

Премиерот Заев на средбата со Гаши е придружуван од Ковачевски, а лидерот на Алтернатива од партискиот генерален секретар Беким Сали.

Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.