Иванов: Колку повеќе напаѓате, довербата кај граѓаните расте
„Чест ми е што во мојот мандат порасна довербата на позицијата претседател. 56 проценти од граѓаните веруваат во институцијата претседател, 76 проценти сметаат дека чесно ја вршам претседателсксата функција. Сакав да ви кажам нешто на валандовски, но ме знате, јас не сум кавгаџија и не сум фалбаџија, несакам овие од противничкиот штаб да ми ги фаќаат граматичките грешки“, рече Иванов

„Мораа да ги гледаат по 10 пати моите настапи за да најдат нешто, да напаѓаат, досега на никој не сум му вратил, никого не сум нападнал за овие 5 години но сега ќе кажам, продолжете и понатаму со истиот интензитет и уште поголем идентитет, колку повеќе напаѓате довербата кај граѓаните расте,“ рече кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов на митингот во Валандово.
Повторно ќе се вади злато од Македонија, ќе се отворат нови рудници меѓу кои и во Валандово за бакар злато и сребро ...
„Велат претседателот немал големи ингеренции во економијата, но има и тоа многу, тој го именува гуверенрот на НБРМ човекот кој се грижи за макроеконоксата слика на државата. Претседателот Иванов во неговиот мандат не подлегна на политички притисоци иако мислам дека ги имало, тој постави вистински професионалец за прв човек на народната банка за разлика од неговите претходници кои ставале политички фигури“, изјави Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.
Додаде дека во Македонија имало 2 групи на претседатели, Карев, Ченто и Трајковски кои загинаа за Македонија. И оние другите кои несакам да ги именувам а му сугерираа на народот -промена на името која требаше да трае 2 месеци а за жал трае речиси 20 години.
„Имавме претседатели кои на Македонија и направија територијална поделба која во целост ја смени сликата на државата, Иванов е во првата група“, додаде Пешевски.
Во услови на светска криза, Иванов сепак прави напори да ги врати младите во Македонија.
