МТСП: Вонреден инспекциски надзор во градинката каде на децата им се пушта несоодветна музика

29.11.2021 14:07

Јавните установи за згрижување и воспитување на деца работат врз основа на Програма за рано учење и развој која воспитно - згрижувачкиот кадар е должен да ја спроведува.

Во врска со информациите, што беа објавени во медиумите дека во детска градинка во Општина Карпош на децата им се пушта несоодветна музика, Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека веднаш ќе испрати вонреден инспекциски надзор во соодветната установа за згрижување и воспитување на децата.

Јавните установи за згрижување и воспитување на деца работат врз основа на Програма за рано учење и развој која воспитно - згрижувачкиот кадар е должен да ја спроведува.

Надлежните  инспекциски служби ќе ја утврдат фактичката состојба околу спроведувањето на Програмата, по што ќе предложат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.