Македонија

Подобрени условите во затворот во Прилеп

29.11.2021 15:36

Со средства од Европската унија се отворија детско катче за посетителите и билиотеката во Казнено- поправниот дом. Советот на Европа проценува дека уште има несоодветно постапување во казнените установи кои се преполни со осуденици. Се бараат алтернативни мерки...

Условите во македонските затвори се подобруваат, но е потребна уште заедничка работа. Останува процената на Европската унија дека во одредени случаи има несоодветен третман. Ова беше посочено на денешното отворање на катчето за децата-посетители на осудениците и обновената библиотека во казено-поправниот дом во Прилеп. Ресоцијализацијата, рехабилитацијата ги чуваат човековите права и можноста за втора шанса што се услов со кој не се преговара.

Од Управата за извршување санкции признаваат  - со околу 2.000 осуденици казнените и воспитни установи се преполни. Се бараат алтернативни мерки.

Во шест казнени установи ќе има опремени амбуланти. Догодина е најавена капитална инвестиција за целосна реконструкција на затвореното одделение.

 

Елизабета Митреска